Честопати ја користиме фраѕата „Заедно сме посилни“. Фраза, која во различни околности и услови, секогаш го докажувала своето значење. Тековниот период, кој го доживуваме, уште еднаш ја истакна потребата за оваа фразаа. Овој пат, нашиот невидлив непријател успеа физички да нè раздели, но како никогаш досега, создаде желба и потреба да се обединиме духовно.

Овој непријател успеа буквално да го допре секој кров и секого од нас на различни начини. Меѓу другото, оваа состојба успеа да допре до основните столбови на формирањето на општеството, образованието и образовниот процес. И ова, директно директно ги погоди најскапоцените суштества, децата. Многу деца ја уживаат можноста да ги следат алтернативните начини на образовниот процес без никакви проблеми, но некои од учениците поради најразлични услови и околности, со недели немаат можност да им се придружат на своите другари. Оваа група ученици која во Гостива  се приближува на четирицифрен број, и покрај желбата да селдат настава, заради тешката социјална состојба, економската неможност, не го уживаат правото да продолжат да учат како и другите деца. Ученици од различна возраст поради неможноста да поседуваат еден од технолошките уреди (лаптоп, таблет, смартфон), отсуствуваат од наставни часови.

Драги сограѓани, драги родители и вие иселеници, знаејќи дека децата се воедно наше најмоќно и најчувствително оружје, ве повикуваме да се приклучите на оваа иницијатива која има за цел обезбедување на уреди за секое семејство и дете погодено од овој феномен.

Доколку на вашите полици имате телефон или лаптоп, подарете го. Според ваша желба донирајте колку што можете.

Да не дозволиме оваа ситуација да влијае уште повеќе на развојот на нашите деца. Тие се нашата иднина, иднината на оваа земја.

Уверени сме дека еден ден, вашата помош ќе ве направи да се гордеете со нивните достигнувања. Бидете дел од успехот на децата на кои сега повеќе од кога и да е, им е  потребна вашата помош.

Опремата можете да ја донесете од втроник до петок, од 11:00 до 14:00 во просториите на Општина Гостивар.

Дизајн: Vigan Demiri