27.03.2019

Апелираме до сите поединци кои работат или се движат на отворени места, да не палат оган.

Апелираме до сите земјоделци, да бидат претпазливи при чистење и согоруваме на остатоците и сламата во полињата и да не го напуштаат местото без да се осигурат дека огнот е изгаснат и дека нема да се прошири кога дува ветер.

Исто така, апелираме до оние кои работат во шумите и планинарите, да не фрлаат неизгаснати опушоци, бидејќи доволна е само една мала искра за да се запали сувата трева и ниските растенија.

Поради честите пожари во шумите и полињата во поширокото гостиварско подрачје, Територијалната противпожарна единица – Гостивар, тешко се справува со нив, додека штетите предизвикани од горењето на шумите се долготрајни.

Потсетуваме дека за намерно предизвикување пожар или човечка небрежност, претставува кривично дело за кое предвидени се строги законски санкции, т.е парични казни и затвор до 10 години, во зависност од последиците.

Служба за информирање