29.01.2019

Со цел ефикасно чистење на снегот, Општина Гостивар апелира до сите граѓани да ги отстранат возилата од патиштата, улиците, тротоарите и други јавни површини.

Општинските служби во координација со јавните претпријатија, економскиот оператор за зимско одржување и полицијата ќе ги преземат сите мерки предвидени со закон и во согласност со нивните надлежности против сите физички и правни лица кои нема да се придржуваат кон овој апел .

Служба за информирање – Општина Гостивар