27.12.2017

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го прими во својот кабинет фитнес шампионот на Македонија, Лабинот Солејмани.

Солејмани, во придружба на професорот по физичко образование Бејтула Камбери, му се заблагодари на градоначалникот Таравари за неговото гостопримство и почит кон спортистите и спортските активности.

Градоначалникот Таравари рече дека му е чест да се сретне и да ги поддржи сите оние кои со постигнатите резултати, достоинствено го претставуваат градот Гостивар и нашата земја. Посакувајќи му на Лабинот Солејман уште поголеми успеси во неговата кариера, го увери дека ќе ја има поддршката на општината и на градоначалникот.

Инаку, Лабинот Солејмани е 21-годишно момче од Гостивар, кој беше прогласен за победник во македонското првенство “Men’s physic” во категорија до 23 години. Тој како победник на овој натпревар ја претставуваше Македонија на меѓународни натпревари во Мадрид, Шпанија.

Служба за информирање