05.08.2018

Раководителката на Секторот за образование, Аслиан Снопче одржа прес конференција во всрка со последните дејствија на огрaнокот на ДУИ во Гостивар од каде бараат принудните директори на гостиварските основни и средни училишта од нивните редови, службената документација да ја достават до седиштето на партискиот огранок.

Содржината на прес конференцијата, ви ја пренесуваме интегрално.

Почитувани медиуми,

Денешната прес конференција има за цел јавноста во Гостивар и пошироко, да се запознае дека започна да се остварува застрашувачкиот план креиран од страна на Министерството за образование, за уништување на образованието во Гостивар.

Овој план првично започна да се остварува со преземање на надлежностите на Општина Гостивар за наводно непочитување на законските постапки. Дека планот е добро дизајниран, се потврдува со фактот дека наместо за 6 месеци колку што било пракса во минатото, на Општина Гостивар му се одзедоа надлежности за 9 месеци. Несомнено заклучокот е многу едноставен. Да се ​​спречи градоначалникот во стратешкото планирање во областа на образованието, оневозможувајќи му да влијае здрав тек во оваа област, бидејќи стратегиите и плановите се правата токму на почетокот на учебната година. Дејствата на огранокот на ДУИ во Гостивар сведочат за она што за што предупредивме неколку пати. Целта била чисто политичка.

Ова се потврди вчера. Сите гостиварци видоа како директорите назначени од министерот за образование добиваат партиски наредби, принудувајќи ги документациите на училиштата да ги доставата во седиштето на ДУИ. Дали има поголема мизерија од ова? Дали има поголемо понижување за образованието, па и за партиските директори? Нормално ова се прави во координација и со министерот за образование. Министерот вели да не шириме невистини за скандалот од 5,3 милиони евра за договорот во четири очи вон редовните процедури. Го прашуваме министерот како ќе го прикрие овој нов скандал на назначените директори од него?

Затоа, време е да се откажеме од добро координираната стратегија од страна на владата, каде што реализатор е министер за образование – Албанец, кој за жал има за цел да го уништи образованието во Гостивар.

Наместо да има инвестиции, наместо да надвладеат вредностите, во време кога младите во голема мера се иселуваат од земјава, ДУИ ја деградира и таа трунка надеж на општеството, а тоа е здравото образование на младите генерации.

Општина Гостивар, предводена од градоначалникот Таравари, најдобро покажа како да се управува без политизација на образованието. Ве потсетуваме сите дека вработувањата се извршија со редовни конкурси, а од 150 работни места со договор на дело, се интервенираше само во 30 случаи кои во најголем дел се однесуваа на некомпетентен кадар. Последната форма со која дејствуваат назначените директори покажува јасна тенденција на политизација во оваа област. Ја повикуваме владата, сега кога наголемо се трумбетира за евроинтеграции, да не се чепка со образованието во Гостивар. Во Европа постојат сосема други принципи. Не можеме да зборуваме со полна уста за Европа, а од друга страна да дејствуваме како што вчера се случи со партиските директори на ДУИ. Не можеш да бидеш за Европа а 6 месеци да не одговориш на барањата на општината за трансфер на работните места.

Ние како општина, не направивме партиска селекција избори како што правеа и продолжуваат да прават тие од ДУИ. Ние поднесовме барање за над 40 работници. Не одговарањето, држењето во фиока на документацијата со валидно барање од страна на општината, ја одразува целта и интеракцијата на Министерството во овие скандали. Го повикуваме јавниот обвинител и просветните инспектори да спроведат соодветна истрага во врска со прикривањето на одговорот со цел да се деградира и да се направи чистка на наставниот кадар во Гостивар. Според информациите со кои располагаме, одговори од оваа природа се добивале во рок од 3 недели. Во овој период, Комисијата за трансформација на работине места три пати поднело барање за трансформација и сé уште не сме добиле никаков одговор.

Ги покануваме граѓаните да бидат трпеливи. Нашата стратегија за деполитизација секако ќе се спроведе. Ни ги одзедоа ингеренциите, но по два месеци ќе ни вратат. Заедно со некршливата волја на граѓаните на Гостивар, ќе успееме. Дозволете ми да ги запознаам сите гостиварци, сите просветни работници, учители, наставници и професори,м да се грижат. Во Гостивар, образованието, од 22 ноември, еднаш и засекогаш ќе се стави на здрави шини. Ќе нема повластувања, ќе нема диференцијации. Еднаш засекогаш, ќе се отстрани партизацијата во образовните институции. Нашиот проект “Гостивар прв”, како што се ефектуира од инфраструктурен аспект во општината, исто ќе се ефектуира и во образованието. Тоа наскоро и ќе се потврди.

Во наредните денови ќе излеземе и со конкретни бројки за направената чистка од страна на партиските директори на ДУИ по наредба на нивните локални челници (за што ги изнесовме горенаведените докази) и со директна согласност на министерот за образование.

Служба за информирање