23.03.2018

Во три гостиварски општински основни училишта, во тек е пилот-проектот “Интеграција на младите во образованието”. Проектот го спроведува Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во соработка со Секторот за образование при Општина Гостивар.

“Првично овој пилот проект се спроведува во две градски основни училишта Единство и Гоце Делчев како и во ОУ “Чајла’ во село Чајле, а во иднина ќе бидат опфатени и другите општински училишта. Проектот го спроведува УСАИД во соработка со Општина Гостивар, а во моментов се водат младиснки дебати, каде што експерти од оваа област, преку разговор ги детектираат барањата и потребите на младите за интеграција во образованието “, објаснува Аслијан Снопче – раководителка на Секторот за образование.

Младински дебати се реализираат со групи сочинтеи од по 20 ученици.

Служба за информирање