22.02.2018

Учениците од Основното училиште “Единство” Гостивар се натпреваруваа во шах. Организирањето дојде преку Шаховскиот клуб “Гостивар” и со поддршка на Секторот за образование при Општина Гостивар.

Целта на оваа активност е да се откријат нови таленти во градот кои кои во иднина ќе би се занимавале со овој вид спорт.

“Во сите основни училишта во Гостивар че се организираат слични натпревари со основците до месец јуни, каде што и тие ќе се натпреваруваат едни со други. Најдобрите, ќе учествуваат на локалниот шаховски натпревар што ќе се одржи помеѓу сите основни училишта во градот “, рече Ахмет Салмани, претседател на шаховскиот клуб “Гостивар“.

Идејата за ваков натпревар се појави поради фактот што во Гостиварскиот шаховски клуб денес има членови со возраст од над 40 години, па затоа да се стимулираат младите генерации од градот да се занимаваат со овој спорт и еден ден да го претставуваат Гостивар на значајни шаховски натпреварувања.

Од Секторот за образование при Општина Гостивар ги охрабруваат родителите на учениците кои го сакаат или имаат талент за оваа интелигентна игра, да ги запишат своите деца во Гостиварскиот шаховски клуб.

Од Шаховскиот клуб “Гостивар” најавуваат дека во нивната шаховска школа можат да се запишат деца на возраст од над 6 години и дека запишувањето ќе продолжат до 10 март.

Служба за информирање