25.10.2018

Изградбата на канализациона мрежа во село Здуње веќе е влезена во завршна фаза. Изградбата на канализација во ова село започна во јуни оваа година, кога беа изградени првите 1000 метри, а сега во тек е третата и последна фаза, со што ќе се заокружат работите за изградба на мрежата со вкупна должина од 2000 метри.

“Со окончувањето на овој капитален проект, се заокружува еден од клучните проблеми на жителите на село Здуње. Конкретно, со изградбата на канализациона мрежа со вкупна должина од 2000 метри, целото село ќе има пристап до канализацијата и секое домаќинство ќе може да се приклучи во мрежата “, истакнува Исак Лазами, директор на ЈП” Комуналец “, претпријатие кое ги зиевдува гардежните и управува со јавната канализација на подрачлето на општина Гостивар.

 Вреди да се спомене дека овој проект беше еднo од главните барања на жителите на ова село и ветување на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари за овој мандат.

Службва за информирање