Восхитувачка природа, поволна географска положба, над 500 м надморска височина прв жубор на изворот на реката Вардар, тука на западот на Мекедонија, опкружен од две тврдини, од Шар Планини и Сува Гора- си со многу други карактеристики, се простира мирен со неговите жители градот на многути настани и личности, ГОСТИВАР.

За да се дојде во Гостивар, било од Тирана, од Охрид, или од Приштина, од Скопје или од Тетово, се користи модерниот автопат која што гази низ плодното полошко поле. Всушност сите комуникации, патни или железнички, овозможуваат брза циркулација, На стотина километри јужно се наоѓа аеродромот во Охрид од околу деведесетина километри од аеродромот во Скопје.

Гостивар е општина која зафаќа околу 650 километри квадратни површини. Градот претставува административна, политичка, бизнис и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро живеат речиси 36 илјади. Типична мултикултурна средина. Тука живеат Албанци, Македонци,Турци, Роми и други. Град кој претставува навистина убаво место за живеење, зашто нуди пријатна клима во сите периоди од годината извонредна местоположба, комуникации, услови за бизнис, школување…

Токму затоа со години наназад е јасно изразена експанзија и на населението, и на економскиот развој, на негувањето на особеностите и особено, на грижата и создавањето што е можно поквалитетни услови за живот.

Од пролетта 2005 година, перспективите се уште посилни, со децентрализацијата, со што грижата во најголем дел ја имаат локалните власти. Впрочем, резултатите веќе се гледаат.
Традицијата го дава белегот на секоја средина.Жителите на Гостивар со задоволство ќе ви ја раскажат приказната за тоа како настанало името на нивниот град

.c-article-list .article-image a { height: 250px; }