13.02.2019

Во рамки на проектот “Фудбал во училиштата“ кој го спроведува Македонската фудбалска федерација во соработка со Федерацијата на училишни спортови на Македонија, во ОУ “Исмаил Ќемали“ – Гостивар, се одржа настанот насловен “Зимски фудбалски радости“, а истиот го поддржува Општина Гостивар.

“Општина Гостивар секогаш поттикнува и поддржува спортcки активности, а особено вакви спортски настани каде што се вклучени учениците. Цениме дека спортските активности влијаат во здравјето на децата, ја зголемуваат нивната креативност и натпреварувачкиот дух, со што тие се подготвуваат за да се соочат со предизвиците кои ги чекаат во нивниот живот“, истакна Аслиан Снопче од Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар.

Координаторот на проектот и потпретседател на Федерацијата на училишни споротви на Македонија, Мустафа Алиу, истакна дека целта на овој настан е децата уште од мала возраст да се запознаваат со фудбалот и да ги развијат своите фудбалски вештини.

“Денес се натпреваруваат учениците од вторите и третите одделенија а во четвртокот, во истата сала ќе се натпреваруваат учениците од четвртите и од петтите оддленија.

Шпреса Усеини, директорка на ОУ “Исмаил Ќемали“ истакна дека оваа е трет спортски настан во нивното училиште само во изминатите два месеци и дека тие како училиште, се залагаат да учениците се знимаваат што повеќе со спорт за да слободното време не го поминат по социјалните мрежи, туку вистниски да се дружат и да се развиваат и физички и психички.

На настанот “Зимскии фудбалски радости“ учествуваат 150 ученици од ОУ “Исмаил Ќемали“, ОУ “Единство“, ОУ “Гоце Делчев“ и ОУ “М.К.Ататурк“.

Служба за информирање