28.11.2019

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, и постојаната претставничка на УНДП во државата, Нарине Сахакијан, потпишаа Меморандумот за соработка отворање на Младински ресурсен центар во Гостивар, кој ќе го опслужува целиот Полошки Регион.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го истакна задоволството што токму оваа општина е избрана за место каде што ќе профункционира ваков тип на младински центар и изрази надеж дека ваквиот модел на младинска поддршка ќе може да се преслика и во другите општини, но и во регионот.

“Се надевам дека овој ресурсен центар ќе придонесе младите луѓе од нашево подрачје да не ја напуштаат државава, и тука да започнат бизнис со поддршка на локалната и централната власт“, подвлече Таравари.

Иницијативата е дел од проектот „Креирања можности за работа на сите“, кој се реализира од УНДП во парнтерство со МТСП и Агенцијата за вработување, а со поддршка на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ).

Се очекува истиот да се стави во функција наредната година, како поддршка на младите претприемачи, занаетчии и иноватори.

Служба за информирање