02.10.2018

Општина Гостивар ја исполни својата обврска за подготвување на два Центри за ран детски развој за возрасната гру од 3 до 5 години во село Форино и село Равен, како дел од грантот на УНИЦЕФ во висина од околу 18 илјади евра.

Согласно потпишаниот меморандум за соработка со УНИЦЕФ, Општина Гостивар се обврза за кофинансирање во вредност од 10 илјади евра, со што се исполнија сите неопходни услови за занималните кои ќе функционираат во рамките на постоечките училишни згради.

За овие градинки, во тек се постапките за добивање на согласност од Министерството за труд и социјална политика, по што истет ќе бидат ставени во функција.

Од Секторот за јавни дејности информираат дека Општина Гостивар ќе се ангажира да преку грантови и сопствени буџетски средства, да отвори што повеќе вакви центри, така да со згрижување и едукација бидат опфатени и децата од предучилишна возраст во другите села, вклучувајќи ги и брдско-планинските села.

Служба за информирање