04.06.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денес излезе на терен за да го проследи текот на работата за изградба на нови детски игротеки.

Најпрвин тој застана кај детската игротека спроти судот во Гостивар, каде што новата игротека веќе е ставена во функција, а потоа го посети основното училиште во село Дебреше каде што во тек е поставувањето на реквизитите кај новата игротека во училишниот двор.

Четири од вкупно шест локации каде што ќе бидат поставени реквизити, се нови игротеки, а само две од нив постоеле од порано и сега стари реквизити ќе бидат заменети со нови.

“Планиравме изградба на четири детски игротеки како и замена на старите реквизити во две постоечки игротеки. Се надевам дека во рок од две недели ќе завршиме со четири игротеки. Мислам дека децата заслужуваат ваква рекреација и и дека овие игротеки треба да се прошират. Ќе се залагаме во идниот период да изградиме уште неколку нови”, изјави градоначалникот Таравари.

Жителите на село Дебреше изразија задоволство од посветеноста на градоначалникот Таравари за инвестиции и во руралните области.

“Му благодариме на градоначалникот за оваа многу добра инвестиција овде во нашето село. Оваа инвестиција ќе ја користат децата од селото во ова училиште. Во село Дебреше досега немало игротека. Воедно му благодариме на градоначалникот Таравари и за другите инвестиции што планира да ги спроведе во нашето село”, вели Сенад Хасани – жител на село Дебреше.

За уредување на детските игротеки Општина Гостивар одвои од својот буџет 2,3 милиони денари, а се очекува работите да завршат во текот на овој месец.

Служба за информирање