25.06.2018

Италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео, ја посети општина Гостивар, каде што беше примен од градоначалникот Арбен Таравари.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката што нашата земја ја има со пријателската држава Италија на национално ниво, а особено на локално ниво.

“Разговаравме со амбасадорот за продлабочување на соработката на двете земји на национално и локално ниво. Исто така, ја искажавме можноста за збратимување на општина Гостивар со некоја италијанска општина. Го информирав амбасадорот и за нашата подготвеност да воведеме изучување на италијанскиот јазик како втор странски јазик во основните и средните училишта во Гостивар, во согласност со одлуката на владата, со оглед дека во Италија имаме многу иселеници од овој крај”, изјави Таравари по средбата.

На иста линија беше и италијанскиот амбасадор Ромео, кој иселениците од Гостивар во Италија ги опишаа како многу важна заедница.

“Граѓаните на Гостивар кои живеат и работат во Италија претставуваат многу важна заедница. Се надевам дека досегашната соработка меѓу двете земји, конкретно и со општина Гостивар, уште повеќе ќе се продлабочат во економски, културен и образовен апект и ќе има и италијански инвестиции во општината”, истакна амбасадорот Карло Romeo.

Служба за информирање