27.12.2018

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги посети децата во Дневниот центар за деца со посебни потреби, при што им подели новогодишни пакетчиења.

” Ми беше посебно задоволство што на прагот на новогодишните празници, заедно со моите соработници споделив радосни мигови со децата и лицата кои најмногу му се радуваат на животот, и покрај тоа што се соочуваат со многубројни предизвици.” истакна Таравари.

Освен подароците што ги подели градоначалникот Таравари во Дневниот центар, Општина Гостивар обезбеди новогодишни пакетчиња и за уште 300 други деца.

“Денес поделивме новогодишни пакетчиња во специјалните паралелки во ОУ Исмаил Ќемали и ОУ М.К.Ататурк, како и во Здружението на лица со оштетен вид Реалност и Здружението на глуви и наглуви лица Тишина. Во наредните денови, исто така ќе им поделиме подароци на ромските деца и децата од социјално ранливи семејства. Со овие подароци испраќаме порака дека институциите и општеството треба посебно да се грижат“, истакна Афердита Хамза – одговорна за социјални прашања во Општина Гостивар.

Инаку, утре во 13:00 часот на градскиот плоштад во Гостивар ќе се одржи богата празнична програма за деца, каде што градоначалникот Таравари и членовите на Младинскиот форум на Општина Гостивар ќе поделат симболични новогодишни подароци за децата случајни минувачи.

Служба за информирање