12.06.2018

Стремежите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за подобрување на квалитетот на културно- уметничкиот и  спортско-рекреативниот живот, особено на помладите генерации, од ден на ден сé повеќе се конкретизираат.

Едно од последните  случаи е финансиската поддршка од Општина Гостивар за Детската шаховска академија во Гостивар.

“Со развојот на овој интелигентен и исклучително убав спорт ние стануваме промотори на здрав начин на одгој на децата држејќи ги што подалеку од  валканите понуди на улицата”, вели градоначлникот Таравари.

Додека раководителот на на Детската шаховска академија во Гостивар, Ахмет Салмани му се заблагодари на градоначланикот Арбен Таравари за поддршката на шаховската школа.

“Вака можеме да чекориме напред кон нови победи за Гостивар и за идните генерации”, вели Салмани.

Служба за информирање