19.01.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, се сретна со претставници на Велосипедскиот клуб “Адреналин” од Гостивар, при што се запозна со нивните активности и успеси.

Потпретседателот на ВК “Адреналин” Шпенд Калиси, го запозна градоначалникот Таравари дека во овој клуб членуваат голем број велосипедисти, меѓу кои и припадници од помладите генерации, кои зад себе веќе имаат врвни резултати на државно ниво. При оваа прилика, тој ги издвои резултатите на државно ниво на У13, шампионот Џемалетин Ќорбарјами и вицешампионот Даим Муахреми. Посебно ги прави горди Убејда Дeвa. Која е единствена девојка во Македонија која се натпреварува во машка конкуренција У 13.

Градоначалникот Таравари им честиташе на претставниците на ВК “Адреналин”, особено на младите шампиони за нивната посветеност и постигнатите резултати, повторувајќи го својот став за поддршка на здруженија и клубови кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на спортско-рекреативниот живот во Гостивар. Во таа насока, тој вети дека ќе го поддржи организирањето на велосипедска трка во Гостивар, за која тие пројавиле интерес.

Служба за информирање