12.02.2018

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, пред новинарите, ги презентираше постигнатите резултати на новото општинско раководтсвоп во првите 100 дена од мандатот 2017-2021.
“Го деполитизиравме образованието со назначување на директори, во главно предложени од самите колективи на училиштата. Ги заменивме несоодветните образовни кадри со кадри од соодветна струка. Го деполитизиравме, исто така, Советот на млади на општина Гостивар, без да влијаеме на изборот на раководството. За само 100 дена, со екстремно рационализирање на непродуктивните трошоци, успеавме да платиме над 300.000 евра наследен долг. Од превозот на ученици, без фаворизирање на одредени компании, успеавме да заштедиме 250 илјади евра, пари кои ќе ги искористиме за инвестиции за подобрување на условите во јавните училишта“, истакна Таравари на почетокот на прес конференцијата.

Благодарение на донатори и бизнисмени од Гостивар, продолжи Таравари, изнајдовме привремено решение за проблемот со покривот на училиштето “Гоце Делчев”, а во блиска иднина, проблемот ќе го решиме долгорочно.
Тој посочи, дека се постигна договор со Амбасадата на Швајцарија за започнување на работите во депонијата Русино, а во април ќе биде решен еден проблем од животно прашање за граѓаните на нашата општина, поточно филтер-станицата за вода за пиење ќе почне со работа.

“Значително го подобривме јавното осветлување во градот и во селата, а направивме и физибилити студија за SMART осветлување, чија имплементација ќе започне за неколку месеци низ градот. Формиравме екипа за протоколот и односи со јавноста, со цел да ја зголемиме транспарентноста и да го олесниме слободниот пристап до информации од јавен карактер. Исто така, назначивме портпаролот на општината“, потенцирашеТаравари и продолжи: “За првпат во Општина Гостивар се организираше презентацијата на предлог-буџетот пред граѓаните и се дебатираше по истиот. Ги зголемивме даночните приходи за околу 20% во јануари 2018 година, споредено со истиот месец минатата година (2017), што говори дека е зголемена довербата на граѓаните кон институцијата општина администрација“.

Градоначалникот на Гостивар информираше дека се раскина штетен договор со една приватна фирма за зонско паркирање, со којшто договор граѓаните на Гостивар се оштетуваа за по над 5 илјади евра месечно.
Потоа Таравари спомна и остварени средби и контакти со повеќе бизнисмени и потенцијални инвеститори од земјава и од странство, при што е изразена подготвеност за пружање на инфраструктурни поволности со цел тие да можат да инвестираат во нашата општина.

“Остваривме бројни средби со амбасадори, како во општина Гостивар, така и во седиштата на амбасадите. Се сретнавме и со градоначалниците на две вашни престолнини на Албанците, Тирана и Приштина, т.е. г. Ерион Велиај и г. Шпенд Ахмети“, истакна тој.
Презентирањето на достигнувањата во првите 100 дена од мандатот, градоначалникот Арбен Таравари го заврши со информацијата дека Општина Гостивар доби гранд од УНДП и Европската унија во вредност од 120 илјади евра, а потоа одговори и на многубројни прашања од присутните новинари.

Портпаролот на општина та , Јасин Демир, преку пауер поинт презентација даде детали за активностите и резултатите во првите сто дена од разни области: образование, социјала, транспарентност, невладин сектор, протоколарни средби и друго.

Служба за информирање