13.03.2019

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска во неговиот кабинет шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

По состанокот, заблагодарувајќи се за посетата, Таравари рече дека со амбасадорот Која имале многу конструктивен и пријатен разговор како што им доликува на двајца пријатели.

“Разговаравме со амбасадорот Која за достигнувањата и предизвиците со кои се соочуваме во општина Гостивар, но и генерално за политичката ситуација во Северна Македонија, со посебен акцент на престојните претседателски избори. Исто така, му се заблагодарив на амбасадорот за големиот придонес којшто претставниците на ОБСЕ го дадоа за соработката на разните партии на ниво на Советот на општина Гостивар, како и за усвојување на стратегијата за Ромите на општинско ниво”, истакна градоначалникот Таравари.

Шефот на мисијата на ОБСЕ укажа дека оваа посета беше планирана за порано, но се одложи за денес поради трагичниот случај со автобусот минатиот месец.

“Ова е една воведна посета на општина Гостивар, по моето назначување минатата есен. Разбрав дека Гостивар е четврта по големина општина во вашата земја, и бев информиран за случувањата во општината. Мисијата на ОБСЕ е присутна во вашата општина преку г. Суад Саклиќ и ќе продолжиме со реализација на разни проекти кои одат во интерес на овдешната заедница”, истакна амбасадорот Клеменс Која.

Таравари и Која одговорија и на новинарски прашања во врска со политичката ситуација во земјата и претседателските избори.

Служба за информирање