14.03.2019

Во малата сала на Центарот за култура во Гостивар се одржа изложба со 20-тина слики изработени од ученици од основните и средните училишта во општина Гостивар, на кои беше третирана темата за борба против насилниот екстремизам.

Изложбата беше во рамките на двегодишниот проект кој се спроведува во три општини, т.е. Гопстивар, Чаир и Кичево насловен “Зајакнување на одржливоста на борбата против насилниот екстремизам во локалните заедници во Северна Македонија”, финансиран од амбасадите на Велика Британија и Холандија.

На изложбата присуствуваа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и заменик-амбасадорот на Велика Британија, Доминик Отвеј, како и претставници од Полициската станица во Гостивар, претставници на невладини организации итн.

На присутните им се обрати градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој во оваа прилика им се заблагодари на Амбасадата на Обединетото Кралство и на Холандија што финансиски го поддржаа овој проект, односно за нивниот придонес за поефикасна борба против насилниот екстремизам

“Сигурен сум дека денес сите ние сакаме да пренесеме порака со цел за побезбедно и попријатно опкружување за сите нас. Насилството, екстремизмот и радикализмот не се наш избор. Нема простор за насилство во нашата општината и во нашата држава, а ниедно насилство не е добра алатка за заштита на човековите права и слободи. За кружување каде што ќе владее мирот и слободата, сите ние сносиме одговорност”, истакна Таравари .

Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Доминик Отва рече дека тие работеле со централната и локалната власт за борба против насилниот екстремизам и дека како најдобар начин за поефикасна борба против екстремизмот оцениле дека е спортот и културата.

“Ние од Британската амбасада сме среќни што имаме можност да поддржиме проект кој директно влијае врз голем број луѓе во секојдневниот живот и им помага на заедниците. На локално ниво, ние ја поддржуваме Северна Македонија за да се бори и да го спречи насилниот екстремизам. Ние работиме и на локално ниво за да ви помогнеме да создадете закони. Ние работиме со верски водачи и лидери на заедниците за да ги соединиме луѓето, помагајќи им да дознаат повеќе едни за други”, подвлече заменик-амбасадорот Отвеј.

Двете најдобри дела на оваа изложба, беа наградени со ваучери од по 1000 денари.