02.12.2019

Градоначалникот Таравари и одговорните од урбанизмот утврдија отстапувања од планот при изградба на колективните згради, на инвеститорите им даде рок од една недела, самите да ги урнат доградбите.

Денес, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, заедно со раководителот на Секторот за урбанизам и овластените градежни инспектори излегоа на терен за да одблизу ја следат состојбата со изградбата на колективни згради во Гостивар. Се утврди дека во два случаи има отстапување од градежната дозвола, односно дека се гради над габаритот предвиден со постојните деталните урбанистички планови.

При оваа прилика, градоначалникот Таравари потврди дека останува верен на ставот дека воопшто нема да толерира диво градење, давајќи им на инвеститорите една недела да ги вратат објектите во согласност со дозволата за градба.

„Како што сум истакнал неколку пати, толеранцијата за градење на диво ќе биде нула. Денес откривме два случаи на градеење над дозволата за градба, соодветно над дозволениот подрум. Инвеститорите имаат една недела рок да ги срушат доградбите и да продолжат да го градат објектот во согласност со градежната дозвола. Во спротивно, ќе постапиме ние“, рече градоначалникот Таравари.

Општина Гостивар апелира до сите инвеститори строго да се придржуваат до дозволата, правилата и стандардите при градење, а граѓаните ги охрабрува да ги пријават случаите на нелегално градење до надлежните органи.

Служба за информирање