30.05.2019

Соработката за успешна реализација на комбинираната здружена вежба на воените сили на САД и РСМ беше целта на денешната посета на високи претставници на Канцеларијата за воена соработка со САД – Европска команда.

Високите американски претставници придружувани од претставници на Министерството за одбрана на РСМ, на раководството за организирање на воената вежба и на Секторот на сообраќајна полиција при Полициската станица во Гостивар, ги прими градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари со кои разговараше околу подготовките за успешна реализација на вежбата наречена “Одлучен удар”.

“Им благодарам на гостите што го избраа Гостивар за реализација на оваа воена вежба која ја отсликува соработката во областа на безбедноста на земјата со нашите западни сојузници, особено со Соединетите Американски Држави. Ние како Општина ќе ги ставиме на располагање сите расположливи капацитети и оваа здружена воена вежба ќе ја има нашата максимална логистичка поддршка”, истакна градоначалникот Арбен Таравари.

Комбинираните воена вежба во Гостивар ќе се одржи на 1 јули, а вакви маневри ќе се одржат и во 7 други градови во РСМ. На гардски плоштад ќе бидат изложени воени средства на Армијата на САД и Армијата на РСМ.

Вреди да се истакне дека градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, е поканет да присуствува на Денот за високи гости што ќе се одржи на 17 јуни на воениот полигон Криволак.

Служба за информирање