30.01.2018

Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, престојуваше во официјална посета на Општина Гостивар при што се сретна со градоначланикот, Арбен Таравари.

За време на пријателската средба во Кабинетот на градоначалникот, се разговараше за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар, со посебен акцент на проблемите предизвикани од недонесувањето на општинскиот буџет.

Градоначалникот Таравари го информираше амбасадорот Герберих за капиталните проекти кои се очекува да се реализираат во Општина Гостивар, како што е проектот за Градската депонија, како и водоводниот систем и канализацијата.

На средбата, амбасадорот Герберих вети соработка и максимална поддршка, а двајцата соговорници се согласија контактот да биде постојан и во интерес на меѓусебна коректна соработка.

По средбата во Општината, абасадорот посетата ја продолжи во Општата болница “Ферид Мурад” во Гостивар, каде што ги посети одделите и одблизу се запозна со инвестициите во форма на донации од германската држава.

Служба за информирање