24.09.2018

Општина Гостивар во соработка со невладините организации “Заедно можеме” од Гостивар, “Лето” од Струмица и Центарот на ресурси на родители на деца со посебни потреби, организираа активност насловена “Штафета на еднаквоста”.

Беше тоа четврта штафета на децата со посебни потреби, на која присуствуваа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, претседателот на Собранието Талат Џафери, активисти, волонтери, ученици, уметници и други граѓани.

Учесниците во овој настан, преку оваа активност ја дадоа својата поддршка и упатија порака до општеството во кое живееме дека децата со посебни потреби се дел од општеството, и дека сите се еднакви.

“Совеста е сеопфатна и целокупна. Јас лично и Општина Гостивар секогаш ќе бидеме на страната на децата со посебни потреби. Тие се составен дел на нашето општество и заслужуваат поголемо внимание за да бидат рамноправен дел од општеството и да го вкусат животот исто како нивните врсници “, изјави градоначалникот Таравари.

Служба за информирање