20.02.2019

Во врска со неправедното одземање на надлежностите во областа на образованието на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, прес конференција денес одржа раководителката на Секторорт за јавни дејности при Општина Гостивар, Аслиан Снопче. Пред медиумите, преку соодветна документација, таа аргументираше дека при последното разрешување и именување на директори од страна на градоначлалникот Таравари, немало поврда на процедурите, и одлуката на министерот за образоивание ја окваликува како чисто политичка одлука.

“Одлуката за oдземање на надлежностите по вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка одлука. Државниот инспекторат за образование, по увидот во основните училишта, утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од општина Гостивар не се објавени врз основа на законот, значи на три дневни весници, туку само на два весника“, истакна на почетокот од прес конферемнцијата г-ѓа Снопче.

Таа извести дека поради таа причина градоначалникот Арбен Таравари донесе решение со кое се поргласува неважечко решението за избор на директори, Поради тие причини градоначалникот Арбен Таравари донесе решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори, на ист начин како што постапи и министерот кој сега донесува одлука за одземање на ингеренциите. Како конкретен случај, таа го наведе случајот со ООУ “Перпарими“ – Чегране.

„Исто така, и од страна на Државниот управен инспекторат беше констатирано дека при поништувањето на решенијата, градоначалникот на Гостивар секогаш постапил според законот и не констатирале прекршок“, рече во продолжение одговорната за образование Аслиан Снопче.

Таа информираше дека Општина Гостивар, знаејќи ги целите на министерот за образование, навремено го информирала премиерот Заев и амбасадите на седум највлијателни држави во земјава.

“Ова се доволни аргументи, за кои на увид ви доставуваме и документација, дека одлуката е чисто политичка“, подвлече на крајот од прес конференцијата г-ѓа Снопче.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, му ги одзеде надлежностите на градоначалникот Таравари во делот на разрешување и именување на директори во период од девет месеци.

Служба за информирање