18.07.2019

Едно од главните барања на жителите на село Дебреше, воедно и ветување на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, деновиве се оствари целосно. Дебреше доби стадион за мал фудбал кој ги задоволува сите современи стандарди.

“Ова беше едно од главните барања и потреби на Дебреше. Ние како општина настојуваме да инвестираме што е можно повеќе за да создадеме што подобри услови за нашите деца и младите, за да барем малце влијаеме во опаѓање на иселувањето на младите и спречување на девијантни појави кај оваа возрасна група. Стадионот што го изградивме во Дебреше ги исполнува сите современи стандарди и посакувам младите од селото да го користат што повеќе и подолго”, вели градоначалникот Арбен Таравари.

За асфалтирање и поставување на вештачка трева со еколошки гранулат, седишта и клупи, Општина Гостивар платила околу 50 илјади евра, а покрај тоа се извршени и дополнителни работи за кои се ангажираше и Месната заедница.

 Служба за информирање