31.01.2018

Раководителката на Одделението за образование во Општина Гостивар, Аслиан Снопче придружувана од група експерти за деца со посебни потреби во составот Самир Грбле – дефектолог, Арта Арифи Креци – психолог, и Генц Таравари – логопед, го посетија Центарот за аутизам во Тирана.

Во оваа прилика, делегацијата беше примена од директорката на центарот, Лири Бериша.

На средбата, г-ѓа Бериша изрази подготвеност да им помогне на стручњаците и институциите од Општина Гостивар во насока на организирање на обуки и стручни семинари, план-програми, материјали и стручна литература.

Раководителката на Одделението за образование при Општина Гостивар, Аслиан Снопче, посетата во Тирана ја оцени како мошне продуктивна и изрази уверување дека оваа соработка ќе биде делотворна и во корист на институциите, кадрите и децата со посебни потреби во Општина Гостивар.

Служба за информирање