07.06.2018

Со цел точно информирање на граѓаните на Гостивар, Општина Гостивар го дава следното појаснување:
Во врска со изјавата на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу дадена за ТВ Арт Чанел, во емисијата “Уметноста на финансиите”, даваме до знаење дека проектот за реконструкција на патот од месноста “Сушички мост” до депонијата Русино, е проект спроведен од страна на Центарот за регионален развој на полошкиот регион во рамките на програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој, а не во некоја од програмите МЛС и Бирото каде што аплицираат општините.

Значи, станува збор за проект од заеднички интерес на деветте општини од полошкиот регион, што се имплементира во атарот на општина Гостивар, бидејќи таму се наоѓа регионалната депонија.

А што се однесува до проектната документација, тоа беше обврска на Центарот за регионален развој на полошкиот регион. Општина Гостивар активно помагала во подготовката на истиот систем и со истото комплетирање ги има издадено потребните дозволи за градба, во пропишаните рокови.
Повторуваме дека станува збор за проект од регионален карактер, а не за некој план што е од изолиран интерес само за граѓаните на Општина Гостивар.

Служба за информирање