21.10.2018

Сите основни и средни училишта, како и детските градинки на општина Гостивар, снабдени се со гориво и од утре ќе започнат со греење.

Некои училишта имаат резерви од минатата година, додека во оние каде што недостасуваше гориво, во петокот завршија испораките на нафта и огревно дрво.

“Во повеќето училишни објекти во општина Гостивар има централно греење со нафта, додека пак само во некои училишта во руралните средини за греење се користи огревно дрво. Повеќето училишта имаа резерви од минатата година, а каде што недостасуваше нафта или огревно дрво, снабдувањето заврши во петокот и слободно можеме да кажеме дека сме подготвени за почетокот на грејанта сезона во понеделникот, кога според најавите ќе се спуштат температурите”, вели Аслиан Снопче – раководител на Секторот за образование во општина Гостивар.

Вреди да се истакне дека пред неколку дена заврши инсталацијата на централно греење во подрачното училиште во село Здуње, а се планира централно греење да се инсталира и во оние неколку училишта каде што недостасува.

Меѓутоа, во пресрет на сезоната на врнежи од дожд и снег, проблемот останува кровот на ОУ “Гоце Делчев”, за што Општина Гостивар ги има завршено сите потребни процедури и се чека одобрување и финансирање од страна на Министерството за образование.

Служба за информирање