26.06.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ја прими во неговиот кабинет ученичката Гентиана Јашари, добитнчика на мансион награда на олимпијадата Genius – International High School Environmental Project во Њујорк.

“Секогаш велам дека луѓето од културата и спортот се најдобрите амбасадори во светот на еден народ и нација Гентиана покажа успех на еден меѓународен натпревар од културен и образовен карактер. Тоа нè прави горди затоа што таму таа го претставуваше нашиот град и нашата општина. Во овие седум-осум месеци, општината согласно можностите помагала на културата и спортот во Гостивар и ќе продолжи тоа да го прави и во иднина”, изјави градоначалникот Таравари.

“Му благодарам на градоначалникот Арбен Таравари, Советот на општината, општинската администрација и иселениците од село Чајле за материјалната поддршка. Исто така им се заблагодарувам на Ебрар Мазар и Бастри Ристеми за снимањето на песната, како и мојот ментор професорката Беса Џафери Садики. Јас во Њујорк не претставив само себе си или моето училиште, туку го претставив цел Гостивар и ја пренесов мојата порака за заштита на животната средина. Среќна сум што целиот тој ангажман на крајот беше крунисан со успех”, рече Гентиана Јашари.

На олимпијадата во Њујорк учествуваа ученици од 72 разни земји од светот, кои се натпреваруваа со 729 проекти. Колеџот Јахја Кемал – Македонија се натпреваруваше со 62 проекти при што освои еден златен, три сребрени и четири бронзени медали.

Гентиана Јашари, која е ученичка од втора година во колеџот Јахја Кемал во Гостивар, освои мансион награда во категорија уметност, каде што настапи со хитот Њѕ Рулс на светски познатата албанска пејачка Дуа Липа и есеј за подигање на свеста кај населението за заштита на животната средина и изградба на фабрика за рециклирање на отпад во Гостивар.

Служба за информирање