16.09.2019

На 16-та седница на општинскиот совет на Гостивар, советниците со 16 гласа „за“, 2 воздржани и 13 „против“ го избраа за нов претседател д-р Бесим Мемеди – носител на советничката лсита на Алијансата за Албанците.

Претходно, досегашниот претседател др. Насир Муслиу поднесе оставка за да му отвори пат на новосоздаденото мнозинство да избере за претседател лице од своите редови.

Новоизбраниот претседател Бесир Мемеди им се заблагодари на советниците за дадената доверба и го поздрави потегот на досегашниот претседател, изразувајќи оптимизам дека со поранешниот претседател ќе соработува во интерес на граѓаните на општина Гостивар.

Вреди да се напомене дека со цел подобра координација со советничките групи и успешниот тек во работата на Советот, продолжувањето на седницата се закажа запеток во 9:30 часот.

Служба за информирање