12.03.2018

По преземање на мандатот од страна на градоначалникот Арбен Таравари и формирање на нова раководна екипа во Секторот за урбанизам, ОпштинаГостивар има издадено вкупно 24 одобренија за градба, од кои 16 за индивидуални станбени згради, 3 за пренамена, адаптации и реконструкција, 1 за Мерна станица за амбиентален воздух, 2 за мали хидроцентрали и 2 за реконструкција на патишта.

Бидејќи во медиумите беше објавена информација дека Општина Гостивар нема издадено ниту една дозвола за градба во месец јануари годинава, сметаме дека мораме правилно да ги информираме граѓаните и да ги демантираме податоцитедадени од Државниот завод за статистика.

Покрај тоа, информациите дека во јануари 2017 година биле издадени 37 градежни дозволи, исто така се неточни. Конкретно, во јануари 2017 година издадени се само 7 градежни дозволи.

Од друга страна, за 21 барање за одобрение за градба, постапката од страна на општината е завршена, односно  пресметане надоместокот за комуналии, за кои се чека да се изврши уплата и да се издадат одобренија за градба.

Ефективната и ефикасна работа на новатараководна екипа на Секторот за урбанизам при Општина Гостивар дава резултати и во областа на легализација на бесправно изградени објекти. За само 3 месеци, односно во периодот декември 2017 – февруари 2018, биле решени 654 предмети, од кои 166 позитивно.

Служба за информирање