31.08.2018

Заврши денес целосната рехабилитација и реасфалтирање на улицата “Браќа Блажески” пред Основно училиште “Гоце Делчев” во Гостивар, долга 315 метри и широка 9 метри.

Оваа инвестиција е дел од проектот спроведен од страна на Општина Гостивар, со кој се рехабилитираат некои улици во овој дел на градот, со вкупна должина од 1.000 метри во вредност од над 200 илјади евра.

Пред асфалтирањето, се заменија и санира ивичниците, како и се нивелизираа шахтите, а покрај главната улица се асфалтираше и кракот наречен “Улица 1” со должина од 45 метри и широчина од 4,5 метри.

Сегментот, чие асфалтирање заврши денес, е најдолг во рамките на овој проект, а останува да се асфалтира и делот од улица “18 Ноември” од близина на Полициската станица до близу излезот за на булеварот “Браќа Ѓиноски “.

Во овој сегмент, при крај се работите за изградба на водоводна и канализациска линија во должина од 130 метри, што беше барање на жителите и се реализира пред асфалтирањето за да подоцна не се селче асфалтот.

Служба за информирање