27.06.2018

Започнаа работите за изградба на ново детско игралиште, овојпат кај колективните згради спроти големиот градски пазар во Гостивар.

Ова се прави во рамките на проектот на Општина Гостивар за изградба на четири нови игротеки и реновирање на две постојни игралишта на територијата на општината.

Претходно се изгради игротека во дворот на ОУ “Фаик Коница” во село Дебреше и спроти Судот во Гостивар, во која се инсталираше и јавно осветлување, за може да се користи и во вечерните часови.

“За уредување на детски игротеки, Општина Гостивар од својот буџет има издвоено околу 2,3 милиони денари. Но, покрај игротеките кои веќе сме ги предвиделе за оваа фаза, ќе се трудиме во нареден период да изградиме уште неколку други”, вели Јасин Демир – портпарол на Општина Гостивар.

Служба за информирање