30.03.2018

Јавното претпријатие “Комуналец”, со поддршка на Општина Гостивар, започна широка акција за саанција на ударните дупки низ градските улици.

“По лоштото време пропратено со поројни дождови и снего што го зафати подрачјето на општина Гостивар, улиците и патиштата имаат претрпено големи оштетувања, односно се појавиле ударни дупки на сфалтот. Сега кога времето се подобрило и има поволни услови за градежни работи, започнавме со широка акција за пополнување на дупки низ сите оштетени улици, давајќи им приоритет на главните и попрометните улици”, вели директорот на ЈП Комуналец”, Исак Лазами.

Од Општина Гостивар известуваат во текот на годината ќе се санираат и реконструираат повеќе градски улици и локални патишта, кои се најоштетени.

Служба за информирање