17.10.2018

Село Чајле наскоро ќе има фекална канализација на која ќе можат да се вклучат сите домаќинства. Денес започнаа работите за изградба на фекална канализација во близина на основното училиште, а во завршна фаза се подготовките за изградба на канализација во преостанатиот дел од селото кое се уште не е покриено со канализација.

“Заочнаа денес работите за изградба на канализациска линија во должина од 150 метри, во близина на основното училиште на село Чајле. Линијата е со должина од 150 метри, со што ќе се приклучни на главната канализација. Во меѓувреме, ние сме во завршна фаза на подготовките за почетокот на работите за изградба на канализација во делот од селото што се уште не е ошфатено со канализација, по што сите домаќинства во селото ќе имаат можност да се вклучат во фекалната канализација и овој проблем еднаш и засекогаш за сите во близина на ова село”, истакнува Исак Лазами – директор на ЈП “Комуналец ” изведувач на работите.

Опфатот на целото село со канализациона мрежа, беше едно од предизборните ветувања на градоначалникот Арбен Таравари за оваа приградско населено место во Гостивар, кое лека-полека станува реалност.

Служба за информирање