10.03.2018

Погодните атосферски услови, овозможија да се започне со изградба на потпорен ѕид покрај патот на влезот во селото Речане, каде што како последица на облините врнежи дојде до лизгање на земјиштето и се закануваше пропаѓање на патот и оштетување на куќите покрај патот.

Вчера во текот на целиот денот, но и ноќта во доцните часови, интензивно се работеше на подготовување на теренот, како и отворање на алтернативниот пат за во градот, а денеска почна и изградбата на потпорниот ѕид.

Неасфалтираниот делпод атот што води од селото до Каменолмот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се прошири и се нивелира, овозможувајќи непречен сообраќај на возилата во двете насоки, што значи дека додека се одвиваат градежните работи, истиот ќе може да послужи како алтернативен пат за в град. Сепак, изведувачот на работите ќе направи сè што е можно, сепак главниот пат да остане прооден.

Иако станува збор за проект чија реализација бара многу работа и време, се очекува дека со голема посветеност, со интензивна работа и продолжено работно време, градежните работи да завршат во рок од четири-пет дена.

Служба за информирање