19.06.2020

Во склоп на мерките за управување со кризата создадена од пандемијата со „Ковид-19“, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, одлучи за олеснувања во плаќањето на комунални такси за угостителите кои користат јавни површини како тераса.

Додека во претходните години, во нормални услови, се пресметуваа 180 дена за користење на тераси, оваа година ќе се пресметаат само 120 дена и тоа за 30% пониска цена, што всушност значи дека угостителите годинава ќе плаќаат околу 50% пониска комунална такса за оваа намена.

Со оваа олеснителна мерка, градоначланикот Арбен Таравари има за цел да им помогне на угостителите полесно да се справат со кризата што се појави од пандемијата со „Ковид-19“.

Служба за информирање