Со цел подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот, на иницијатива на градоначланикот Арбен Таравари, Општина Гостивар во соработка со Полициската станица и невладини организации, организира “Ден без автомобили”.

Настанот ќе се одржи во понеделник (11.02.2019 година), при што ќе се забрани сообраќајот во централниот дел на градот, односно на следниве улици:

– улица “ЈНА” (Дебарски пат) од центарот до пресекот со булеварот Браќа Ѓиноски
– улица Илинденска (поранешна Борис Кидрич) од центарот до раскрсницата со булеварот Гоце Делчев (Сити центар), и
– улица М.Ч. Филипоски од Витамин Ага до раскрсницата со ул. Борче Јованоски

Сообраќајот, при реализацијата на оваа активност, ќе го обезбедува Полициската станица – Гостивар.

Ги молиме граѓаните за разбирање и ги покануваме да станат дел од оваа сензибилизирачка активност со одбегнување на користење на моторни возила без поголема потреба, особено на овој ден, но и воопшто.

Служба за информирање – Општина Гостивар