Почитувани,

Центар за заедничка основа ЦЗО Скопје со поддршка од Британската амбасада и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје го спроведува проектот наречен ” Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија “, со времетраење од 15 октомври 2018 до 15 октомври 2020 година. Проектот има за цел да ја поддржи националната стратегија и акциониот план на NКСНЕБПТ (Национален комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот) преку соработка помеѓу локалните актери вклучувајќи граѓански, верски и младински лидери и локални/централни власти за прашањата на БНЕ и преку формирање на Акциски тимови во заедницата (АТЗ) во рамките на трите пилот општини, Чаир, Гостивар и Кичево.

Покрај овие активности ќе се организираат спортски и културни настани во трите пилот општини каде ќе учествуваат млади, граѓани на Општина Гостивар. Втората спортска активност во Општина Гостивар е предвидена да се организира на 24.07.2019 (среда) и истата вклучува елементи на соработка, комуникација и поврзување на младите од различно етничко потекло, воедно промовирајќи толерантност, мирен соживот, социјална кохезија и соработка на ниво на култура. Спортската активност “Летај, планинари и вози велосипед” ке започне во 10.00 часот во Село Корито. Во текот на првиот час, професионални параглајдеристи ќе летаат заедно со заинтересираните учесници. Стартна точка на летање со параглајдер ќе биде во селото Корито, додека спуштање во селото Чегране. После параглаидинг следи велосипедизмот, каде учесниците ќе доаѓаат со свои велосипеди и ќе возат велосипед од Гостивар до Вруток. На крајот, учесниците ќе планинарат на кејот на реката Вардар, почнувајќи од Вруток до Гостивар.

Во 12.30 Градоначалникот на Општина Гостивар, Г. Арбен Таравари ќе ја пречека Нејзиното Височество Амбасадорот на Обединетото Кралство Г-ѓа Рејчел Галовеј во Вруток на не-формална средба, потоа Г-ѓа Галовеј ќе присуствува на планинарење од Вруток до Гостивар.
Покрај граѓаните, професионалните велосипедисти и парапагалисти ќе бидат дел од еднодневниот настан.
Настанот нема да има официјални говори, ќе биде фокусиран на промовирање на спортот како вредност и возење велосипед како еколошки и здрав начин на превоз.

За подетално информирање и подготовка околу овој настан слободно контактирајте ме на моб. 078/243-953.

Однапред Ви благодарам за соработката.