22.08.2018

Се известуваат граѓаните дека утре (четврток) во 08:00 ќе започнат градежните работи за асфалтирање на улица “Светозар Пепоски”, односно улицата кај ЈП “Комуналец” во близина на ОУ “Гоце Делчев“, по цела нејзина должина.

Ги повикуваме сите граѓани, вечерва, односно најдоцна до утре во 08:00 часот, да ги тргнат паркираните возила од оваа улица, за да не го попречуваат текот на работите.

Возилата кои евентуално ќе се затекнат утре на самото место, ќе бидат дислоцирани преку “Пајак“ – службата.

Општина Гостивар и изведувачот на работите, Ви се заблагодаруваат за разбирањето.

Служба за информирање – Општина Гостивар