Почитувани граѓани,

Поради дефект на водоводната линија Ф250 на булеварот “Браќа Ѓиноски” во Гостивар, ќе има прекин во водоснабдувањето од кај кружниот тек кај салонот “Дам Цом“, во Шеста и Седма зона и на улица “Никола Прапулов“ а во околните места ќе има намален притисок.

Екипи на ЈП “Комуналец” работат на поправка на дефектот. Се очекува водоснабдувањето да се нормализира околу 15 часот.

Општина Гостивар и ЈП “Комуналец” им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Служба за информирање