ИЗВЕСТУВАЊЕ

,

17.5.2019

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека утре (сабота) во 8:00 часот ќе започнат градежните работи за реконструкција на улица “Слободан Пепоски”, која ја поврзува улицата кон градската болницата со улица “ЈНА“.

Реконструкцијата вклучува гребење и ископ на постоечкиот асфалт и поставување на нов асфалтен слој.

Додека ќе траат работите, сообраќајот на возила и пешаци ќе се одвива во потежнати услови, а во одредени временски периоди ќе биде и во прекин.

Општина Гостивар ви се заблагодарува за разбирањето.

Служба за информирање