03.07.2019

Почитувани граѓани,

Поради дефект во главниот цевковод Ф 500 во село Вруток, утре (четврток) од 8:00 часот ќе има прекин во снабдувањето/

Од ЈП “Комуналец“ – Гостивар, информираат дека прекинот ќе трае до целосно отстранување на дефектот, а додека ќе траат работите, без вода за пиење ќе остане цел град и селата кои со вода се снабдуваат од градскиот водовод.

Општина Гостивар бара разбирање од граѓаните.

Служба за информирање