07.08.2019

Утре (четврток) од 10:00 до 14:00 часот, во салата на Советот на Општина Гостивар, Црвениот крст во соработка со Одделението за трансфузиологија, ќе спроведат Крводарителска акција.

Општина Гостивар ги охрабрува сите полнолетни здрави граѓани, да станатат дел од оваа акција и да даруваат крв за да спасат животи.

Служба за информирање