Се известуваат граѓаните кои го користат регионалниот пат Гостивар – Србиново дека од четврток наутро ќе започнат градежните работи за целосна реконструкција на делницата Лакавица – Србиновo.

Додека ќе траат градежните работи сообраќајот во оваа патна делница , во одредени делови и временски периоди, ќе се одвива отежнато, затоа се молат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да го прилагодат движењето со условите на патот.

Инаку, патот што што ќе се реконструира е долг 2,3 километри, а делот што треба да се асфалтира ќе биде широк од 4,2 метри.

Од Општина Гостивар им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Служба за информирање