29.06.2018

Се известуваат граѓаните дека утре (сабота) е крајниот рок за поднесување барањe за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект (легализација) за сите баратели на кои им е одбиено барањето за легализација поднесено во 2011 година.

Исто така, утре е краен рок за доставување на геодетски елаборат за бесправно изградени објекти за кои барање е поднесено во 2015/2016 година.

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, Општина Гостивар има ангажирано дежурна екипа која утре (сабота) ќе врши прием на барања, и тоа од 9:00 до 20:00 часот во Центарот за општински услуги што се наоѓа на приземјето на зградата на Општина Гостивар.

Барателите треба да достават:
– Лична карта
– Имотен лист
– Уплатница од 250,00 денари (уплатата може да се направи и во Општината, со електронска картичка)

Општина Гостивар ги повикува граѓаните да го искористат последниот рок за утврдување на правен статус на својот бесправно изграден објект и истиот да го претворат во законски економско имот.

Служба за информирање