Во просториите на Средното техничко училиште Гостивар, во четвртокот во 13:00 часот ќе биде отворена изложба на дваесетина слики, изработени од исто толку ученици од четирите средни училишта на тема.

Тема на изложбата е “Живеј во хармонија со другите“ и е дел од превентивно-едукативниот проект „Кажи не на говорот на омраза“, кој од ноември се реализира во Гостивар.

Претходно, во гостиварски средни училишта се одржаа посебни предавања со учениците од прва година, на кои тие поблиску беа запознати со тоа, што претставува говорот на омраза, како се манифестира, како се препознава и кои се неговите можни општствено-негативни импликации.

За најуспешните ученици организаторите на конкурсот, имаат предвидено пригодни награди и признанија.

Служба за информирање