15.05.2018

Под мотото “Музиката сите нé обединува” синоќа на гостиварскиот плоштад се одржа голем концерт на кој учествуваа млади луѓе од сите националности.

Организатор на настанот беше Форумот на млади а истиот беше поддржан од страна на Општина Гостивар, ЈП “Комуналец – Гостивар и Министерството за култура.

“Целта на овој концерт е да се промовира мултикултурализмот и соживотот во Гостивар, вредности кои што гостиварци ги негуваат повеќе генерации. За да учесничките групи имаат што подобар настап, интензивно вежбаа во просториите на Форумот на млади во зградата на Општина Гостивар. Би сакал, во оваа да им се заблагодарам на сите што го поддржаа овој настан и би додал дека во иднина уште повеќе ќе се интензивираат активностите и Гостивар ќе стане атрактивно место за младите луѓе”, вели Енис Мифтари – претседател на Советот на млади на Општина Гостивар.

На концертот настапија “Gos YC Music Group”, “Da Lee&Nband” и “DJ Knockout” a концерт следат голем број на граѓани и претставници на општинската администрација.

Служба за информирање