Редовен состанок на Кризниот штаб на општините Гостивар и Врапчиште.
Заклучоци од состанокот на Кризниот штаб – Гостивар, одржан на 23.03.2020 година во салата на Советот на општина Гостивар.
1. Состојбата во Гостивар е под контрола, сè уште има само еден потврден случај на коронавирус:
2. Се почитуваат препораките на Владата на РСМ;
3. Секоја институција да инсистира на лична хигиена и физичка дистанца;
4. Изолација и што помалку контакти со постари лица и со коморбидитети (хронични заболувања);
5. Институциите продолжуваат да комуницираат едни со други со единствена цел да бидат што е можно поефикасни во мнастаната ситуација;
6. Ситуацијата е сериозна, но нема простор за паника;
7. Следниот состанок на Кризниот штаб се закажува за 26.03.2020 (четврток) во 10:00 часот.